Убедлива победа на младите македонски ракометарки над Израел

Од:

Со убедлива победа над Израел македонската женска младинска репрезентација составена од ракометарки до 20 години  го започна својот настап во квалификациите за Светското младинско првенство 2016 година.
 
Избраничките на селекторот Симе Симовски, попладнево во салата „Пјер де Кубертен“ во Париз каде се играат натпреварите од петата квалификациска група, ги декласираа своите врснички од Израел убедливо со 41-17. Прашањето околу победникот беше решено уште по првото полувреме во кое нашите ракометарки постигнаа 22, а на Израелките им дозволија да постигнат само 5 гола.
Во вториот меч од оваа група играат домаќинот Франција и селекцијата на Словенија. Токму Словенките се следните противнички на нашите ракометарки во мечот кој ќе се игра утре од 14:30 часот.

Во последното коло во недела од 15 часот на програмата е натпреварот против домаќинот Франција, селекција која важи за главен фаворит во групата за освојување на првото место, единствено кое што носи пласман на Светското првенство.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ