Машката одбојкарска репрезентација на Македонија ја оствари и втората победа во квалификациите за Светското првенство во Полска 2014 година.
Попладнево во СРЦ „Кале“ во Скопје, нашите одбојкари ја совладаа селекцијата на Црна Гора со 3:0, по сетови 27:25, 25:20 и 25:20.
Во првиот денешен натпревар од 2. коло на групата Д, Украина очекувано со 3:0 ја совлада Албанија. Утре од 18 часот токму Македонија и Украина ќе решаваат која од овие две селекции ќе го освои првото место во групата, а со тоа директно ќе се пласира во третиот квалификациски круг за СП.