Кошаркарите на Атланта ноќеска загубија убедливо на домашен терен од Милвоки со 107:77 и со тоа ја прекинаа серијата од пет победи по ред. Натпреварот мина во знак на Џаред Дадли, кој немаше ниту едно промашување (10/10 вклучувајќи и четири тројки) и натпреварот го заврши со 24 поени.
На другите натпревари беа постигнати следните резултати: Бостон – Бруклин 107:109, Орландо – Кливленд 89:98, Детроит – Индијана 119:109, Мемфис – Хјустон 111:117 (продолжение), Њу Орлеанс – Сан Антонио 97:90, Оклахома Сити – Шарлот 98:75, Далас – ЛА Лејкерс 102:98, Денвер – Минесота 106:102, Портланд – Филаделфија 114:93, Сакраменто – Феникс 106:115.
Вечерва се играат шест натпревари: Кливленд – Детроит, Сан Антонио – Хјустон, Далас – Оклахома Сити, Портланд – Њујорк, Денвер – Торонто и ЛА Лејкерс – Феникс.
Пласман Источна конференција: Торонто 22-7 (победи-порази), Атланта 21-8, Вашингтон 20-8, Чикаго 20-9, Кливленд 18-11,…
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 23-5, Портланд 24-7, Хјустон 21-7, Мемфис 21-8, Далас 21-10,…