У17: Македонската репрезентација запиша втора победа против БиХ

Од:

Македонската репрезентација до 17 години ја запиша втората победа против Босна и Херцеговина на контролниот натпревар одигран на гостински терен.

Нашата селекција предводена од Драги Канатларовски славеше со 3:1 на воведниот дуел во БиХ.

На денешниот натпревар одигран на стадионот „Бабовац“, македонската репрезентација поведе веќе во 3. минута, кога по проигрување на Елези, Георг Стојановски биеше прецизно за водство од 1:0. Во 48. минута Александар Кахвиќ го израмни резутатот, а по голема грешка, односно недоразбирање меѓу нашиот голман Василев и одбраната, фудбалерот на БиХ, Кахвиќ го постигна вториот свој гол за предност на домаќините од 2:1.

Бесарт Гуџуфи беше фудбалерот за пресврт на Македонија до 17 години. Во 79. минута по додавање на Поповски, Гуџуфи го постигна погодокот за израмнување на 2:2, а пет минути подоцна повторно беше прецизен откако го искористи центаршутот на Софијаноски за победа на македонската репрезентација од 3:2.

Би можело да ве интересира

ФФМ го одржа редовното Генерално собрание

Ана Ололовска

Баражите за ВМФЛ од 7 до 13 јули

Ана Ололовска

ФК Вардар остана без лиценца за Европа

Ана Ололовска

Ренова неделава почнува со тренинзи, Исљами останува предводник на екипа

Ана Ололовска

Муарем се врати во Работнички

Ана Ололовска

Достаниќ уште две години на клупата на Работнички

Ана Ололовска