Турчинот Чалханоглу премина од Милан во Интер

Од:

Турскиот репрезентативец Хакан Чалханоглу од денеска и официјално е нов фудбалер на Интер, потпишувајќи тригодишен договор со италијанскиот шампион.

Дваесетиседумгодишниот играч за врска во Интер дојде без обесштетување, откако му заврши договорот со градскиот ривал Милан.

Финансиските детали од договорот, засаега, не се соопштени

Минатата сезона Чалханоглу одигра 33 натпревари за Милан во Серија А и беше еден од клучните играчи на „црвено – црните“, кои како второпласирани обезбедија настап во Лигата на шампиони, првпат по пауза од осум години. ег/ми/

2021-06-22 20:03:00, од Емил Гашевски

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Фудбалер на Рома доживеа срцев удар, прекинат натпреварот со Удинезе

Катерина Ѓуровски

Тепачка меѓу навивачите на Рома и Лацио, полицијата употреби солзавец

За Милан против Јувентус ќе брани 41 годишен голман

Предраг Петровиќ

Интер доби согласност од Павар, се чека Баерн

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

Ново засилување во Милан

Предраг Петровиќ