Тунис убедлив во дуелот против Чиле

Од:

Репрезентацијата на Тунис забележа победа над Чиле во првиот меч од квалификациите за Летните олимписки игри во Рио.

Во натпреварот од 1.коло на квалификациската група 1 кој се одржува во полскиот град Гдањск, ракометарите на Тунис го победија Чиле со убедливо со 35:29 полувреме 17:12.

Најдобар поединец не само во туниската репрезентација, туку и воопшто на натпреварот, беше Усама Бугханми кој средбата ја заврши со 11 постигнати голови.

Во вториот натпревар од оваа група вечерва од 20 часот и 30 минути, репрезентацијата на Македонија за противник ќе го има домаќинот Полска.

Токму овие две селекции важат и за главни фаворити за освојување на првите две позиции во оваа група, а со тоа и пласман на Олимпијадата во Рио летово.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ