Тухел по триумфот над Јувентус: Не смее да не зафати еуфорија

Од:

Тренерот на Челзи, Томас Тухел, побара од своите фудбалери да останат „приземјени“ по убедливата победа над Јувентус со 4:0 остварена синоќа на домашен терен во 5. коло од Лигата на шампионите.

– Демонстриравме моќ и постигнавме извонреден резултат. Бевме подготвени за тоа дека ќе треба да бидеме трпеливи, но во исто време да го диктираме ритамот и да го контролираме интензитетот на натпреварот. Моравме да посветиме максимално внимание на најмалите детали. Сите на теренот одиграа неверојатно, а јас сум им благодарен на моите играчи за нивната работа и неверојатниот дух. Успеавме да постигнеме толку многу голови против тим кој одлично се брани и тоа е неверојатно. Беше фантастична вечер денес која ни донесе одлични резултати. Сега е важно да не западнеме во еуфорија, туку да можете едноставно да уживаме во моментот. Утре сите играчи ќе имаат заслужен слободен ден, но од четврток ги започнуваме подготовките за следниот натпревар, изјави Тухел.

По пет кола во Х-групата, Јувентус и Челзи со по 12 бода се пласираа во плејофот од Лигата на шампионите, Зенит е трет со четири бода и ќе продолжи во баражот за Лигата на Европа, последен е Малме со само еден освоен бод.

Би можело да ве интересира

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

А1он

ЛШ: Натпреварот Баерн – Барселона без публика

А1он

Пиоли: Натпреварот против Атлетико е последна шанса за Милан во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

Роналдо за голот против Виљареал: Мило ми е што постигнав гол и победив во Шпанија, каде секогаш се чувствував посебно

Ана Ололовска