Тухел: Освоивме бодови на тежок терен

Од:

Пари Сен-Жермен синоќа го победи Галатасарај во 2. коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Тренерот на парижаните, Томас Тухел е задоволен од изданието на неговиот тим и покрај тоа што е остварена само минимална победа.

– Натпреварот се покажа како тврд, но ние заслуживме да победиме. Секогаш е тешко да се игра на гости кај Галатасарај. Домаќинот играше смело и наметливо. Ние промашивме една-две шанси во првите 20 минути. Севкупно тимот прикажа одличен натпревар. Момците се бореа едни за други, и ние сме многу среќни за ова, истакна Тухел.

По двете почетни кола ПСЖ се одвои сам на врвот со максимални шест бода, пред Клуб Бриж кој има два, Галатасарај и Реал се на последните две места со по еден бод.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска