Тухел незадоволен од новиот формат на ЛШ: „Секој тренер и играч ќе го каже истото“

Од:

Лондон, 26 април 2021 (МИА) – Тренерот на Челзи, Томас Тухел го критикуваше новиот формат за Лигата на шампионите.

– Не сум сигурен дека ми се допаѓа. Гледам дека има уште повеќе натпревари, и со оглед на нашиот календар, тешко е да бидам пресреќен. Сите тренери и играчи ќе имаат исто мислење. Лига на нации, Светско клупско првенство, национални тимови…. Ова не е поквалитетно, туку повеќе натпревари. Не сум задоволен од новата Лига на шампиони, но не играм никаква улога во ова. Ние сакаме да зависиме од нас и од нашата сила, рече Тухел.

Покрај германскиот фудбалски стручњак, деновиве и други врвни тренерски имиња изразија незадоволство од густиот натпреварувачки календар што најмногу ги засега големите европски клубови.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ