Тухел: Манчестер Јунајтед е голем предизвик за нас

Од:

Тренерот на Пари Сен Жермен, Томас Тухел, изјави дека неговиот тим е подготвен за „големиот тест“ во лицето на Манчестер Јунајтед во осминафиналето на Лигата на Шампионите.

Ждрепката во Нион ги спротивстави за прв пат овие два тима во евротурнирите, а предноста сигурно е на страната на Французите.

Тренерот на ПСЖ, сепак, истакна дека неговиот тим не е фаворит во претстојниот судир, но ќе оди на „Олд Трафорд“ во првата средба со мисла за победа.

– Располагаме со потребните квалитети за да победиме на „Олд Трафорд“. Сигурен сум во тоа, но Јунајтед е сериозен тест, голем предизвик. Ако бев неутрален гледач, сигурно би го гледал дуелот на телевизија. Не верувам дека сме фаворити, бидејќи во оваа фаза на турнирот силите се веќе многу израмнети. Ние треба да почитуваме клуб како Манчестер Јунајтед, кој има толку успеси во европските клубски турнири. Голема грешка од наша страна ќе биде ако од сега размислуваме за овој натпревар. Има уште два месеци до февруари, прокоментира германскиот тренер на ПСЖ, чиј тим се уште е непоразен во Лига 1.

Би можело да ве интересира

Голманот на ПСЖ се разбуди од кома во која заврши откако падна од коњ: Работите се подобруваат

Предраг Петровиќ

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

Голманот на ПСЖ е во тешка состојба: Коњ го удри во глава, префрлен во болница со хеликоптер

Горан Наумовски

Сопругата му побара развод и половина богатство, а потоа шок-ѕвездата на ПСЖ немал ништо на сметката

Предраг Петровиќ