Тухел ќе добие долгорочен договор од Челзи по освојувањето на ЛШ

Од:

Тренерот на Челзи, Томас Тухел, може да го продолжи договорот со клубот. Според новинарот Фабрицио Романо, управата на клубот има намера да му понуди на германскиот фудбалски специјалист долгорочен договор по победата над Манчестер сити во финалето на Лигата на шампионите.

Тековниот договор на Тухел важи до 30 јуни 2022 година. Тој го презеде Челзи во јануари 2021 година.

Исто така, договорот ќе го му биде продолжен и на дефанзивецот Тијаго Силва.

Челзи синоќа го победи Манчестер сити со 1:0 во финалето во Лигата на шампионите 2020/21. Лондонскиот клуб по втор пат во историјата го освои најпрестижниот клупски трофеј во Европа.

Би можело да ве интересира

Џака: Поседуваме квалитет да ја елиминираме Мура

Ана Ололовска

ЛШ: Белорускиот шампион ќе игра во Белград поради санкциите од ЕУ

Ана Ололовска

Гвардиола: Сити ќе биде најдобриот клуб во светот за следните неколку години

Ана Ололовска

ВИДЕО: Челси ја освои титулата во Лигата на шампионите

Катерина Павлова-Николовска

Чеферин повторно ја поддржа идејата за „фајнлфор“ во ЛШ

Ана Ололовска

ВИДЕО: Триесет години од пеналот на Панчев за европска титула на Црвена ѕвезда

Ана Ололовска