Тухел ја потврди желбата на Нејмар да го напушти ПСЖ

Од:

Тренерот на Пар Сен-Жермен, Томас Тухел конечно го наруши молкот на темата на „Нејмар“. Тој откри дека знаел за неговата желба да го напушти ПСЖ пред неговото патување во Копа Америка во јуни, каде што не играше поради повреда.

– Тој ме предупреди на крајот од минатата сезона. Искрено кажано, не знам, одговори Тухел, на прашање дали Нејмар ќе остане во клубот за новата сезона.

Германецот говореше по првата контролна средба на парижаните летово, која заврши со победа од 6:1 над германскиот Динамо во Дрезден.

– Јас сум тренер и во моментов тој е дел од тимот. Подготвен сум да работам со секој, додаде Тухел, кој откри и дека бил разочаран од непојавувањето на Нејмар на 8 јули за првиот тренинг на ПСЖ за новата сезона.

Тој исто така, изрази уверување дека Нејмар ќе отпатува со тимот за турнејата во Кина од 23 јули до 3 август поради спонзорите, но повеќе за неговата иднина не може да каже, бидејќи судбината на Нејмар е во рацете на раководството во лицето на Насер Ал-Келаифи.

Нејмар е пред враќањето во Барселона, каде што замина во насока на ПСЖ со рекорден трансфер.

Би можело да ве интересира

Нејмар нападнат од навивачите поради неговиот изглед, по повеќемесечна пауза се врати на терените

Обид да му го киднапираат новороденчето на Нејмар, вооружени напаѓачи ги врзале родителите на неговата поранешна девојка

Нејмар пристигна, принцот му испрати авион со златен трон

Предраг Петровиќ

Нејмар доби 320 милиони евра, заминува од ПСЖ

Предраг Петровиќ

Нејмар може да го напушти ПСЖ само со отштета од 150 милиони евра

Нејмар сака да го напушти ПСЖ