Тухел изненаден од критиките на Лукаку

Од:

Во Челзи гласно одекнаа коментарите на напаѓачот Ромелу Лукаку, кој вчера изјави оти е незадоволен од состојбата во клубот и јавно ја критикуваше тактиката на тренерот Томас Тухел.

– Не сум секогаш задоволен од формацијата и начинот како играме, но тука е нашиот тренер Тухел да ги носи тие одлуки. Физички сум целосно подготвен и добро се чувствувам. Нема да се откажам, бидејќи сум професионалец и морам да ја вршам работата што ми е зададена, изјави Лукаку, кој пред шест месеци дојде во Челзи од Интер.

Тухел денеска на прес-конференција истакна оти е изненаден од критиките на Лукаку.

– Секако дека тоа не ми се допаѓа. Носи бучава, која не ни е потребна и не ни е од помош. Мораме да ги увидиме работите такви какви што се, со цел да не се рефлектира неговото однесување на тренинзите, изјави Тухел на конференцијата за новинари пред неделниот натпревар против Ливерпул.

Би можело да ве интересира

Тухел со условна суспензија од еден меч, Конте избегна казна

Тухел позитивен на коронавирусот

Ана Ололовска

Тухел ќе го вклучи Лукаку во составот за дуелот со Тотенхем, фудбалерот може јавно да се извини за неодамнешното интервју

А1он

Тухел потврди за интересот на Челзи за Халанд

Ана Ололовска

Тухел: Лукаку е психички заморен

А1он

Тухел незадоволен од новиот формат на ЛШ: „Секој тренер и играч ќе го каже истото“

Жарко Настоски