Тухел го нарече ремито со Вулверхемптон добра почетна точка

Од:

Новиот тренер Челзи, Томас Тухел беше задоволен од перформансите на тимот на мечот од 20. коло во Премиер лигата против Вулверхемптон. Овој натпревар (0:0) беше деби за германскиот стручњак како тренер на „сините“.

– Задоволен сум од прикажаната игра, нашата посветеност и интензитет. Делувавме на крајно организиран начин и не дозволивме контранапади од противникот, кој е многу добар во оваа компонента. Ова е многу добра почетна точка од која мора да работиме понатаму.

Игравме смело и агресивно. Замените придонесоа за развој на натпреварот. Покажавме одличен став, и штета што немаше навивачи на трибините, чии емоции можеа да ни помогнат во оние моменти кога бевме близу до гол. Натпреварот не беше лесен, но ние го одигравме со максимален интензитет, па затоа сум задоволен од работата на мојот тим, истакна Тухел за клупскиот сајт на Челзи.

Лондонци имаат 30 бода од 20 натпревари и се наоѓаат на 8. место на табелата.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска