Трофејот во Шангај во рацете на Ѓоковиќ

Од:

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ успеа да ја одбрани титулата на Мастерсот во Шангај откако денеска во финалето го победи Аргентинецот Хуан Мартин Дел Потро со 2:1 во сетови (6:1; 3:6 и 7:6 (7:3). Мечот траеше 2 часа и 32 минути.

delpo-sangaj

Првиот сет на убедлив начин му припадна на Ѓоковиќ, пред се поради лошиот сервис на Аргентинецот. Во вториот сет Дел Потро се врати во игра и успеа да изедначи на 1:1 во сетови. Во решавачкиот сет двајцата тенисери не дозволија ниту еден брејк, па во тај брекот Ѓоковиќ беше подобар со 7:3 на поени.

novak-sangaj

За вториот тенисер на светот Ѓоковиќ ова беше 15-та Мастерс титула, а Дел Потро сеуште е без триумф на овие турнири. Во меѓусебните дуели скорот сега е 10:3 за Ѓоковиќ и 7:2 на хард подлогата. За победата на турнирот Ѓоковиќ заработи 729.725 американски долари.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен