Трофејот на УЕФА Супер Купот денеска ќе биде изложен пред ФФМ

Од:

Трофејот наменет за победникот во УЕФА Супер Купот кој годинава ќе се игра на националната арена „Филип Втори“ во Скопје, а за кој ќе се борат освојувачите на Лигата на шампионите и Лига Европа, денеска љубителите на фудбалот во нашата земја ќе имаат можност да го видат во живо.

Од 9 до 18 часот на платото пред Куќата на фудбалот во Скопје ќе биде изложен трофејот на специјално брендирана поставка и ангажиран официјален фотограф за фотографирање на присутните љубители на фудбалот, децата и екипите учесници во Детската лига на ФФМ.

– Жителите на нашата држава ќе имаат можност да уживаат во уникатна авантура – „сите Македонци да бидат дел од срцето на настанот“ преку изложувањето на УЕФА СУПЕР КУП трофејот, вели Илчо Ѓорѓиоски, претседател на Фудбалската федерација на Македонија.

Натпревраот во УЕФА Супер Купот ќе се игра на 8 август 2017 година во Скопје.

Би можело да ве интересира

Седум клубови во македонскиот фудбал под истрага за местење на натпревари

Орце Костов

ФФМ донесе одлука: Шкендија доби службена победа, а стадионот „Чаир“ доби суспензија

Шкупи и Шкендија нема да го доиграат натпреварот, одлуки ќе носи ФФМ

Катерина Ѓуровски

Обвинителството над две години истражува за сметководителката која со допишување нули извлекувала пари од ФФМ

Недановски: Вардар е подготвен за Суперкупот

Стартот на Втората фудбалска лига одложен за седум дена