Триумфален февруари за пингпонгарскиот клуб „Зегин“ од Берово

Од:

Со вкупно 8 пехари се закитија пингпонгарите на ППК „Зегин“ на првиот мастерс турнир кој се одржа во салата „Македонски Бранители“ во Берово на 12 и 13, како и на 19 и 20 февруари.

На 12 февруари, на првиот државен бодовен турнир за репрезентација на Македонија ППК „Зегин” освои злато во машка, злато во женска и бронза во женска конкуренција. На 19 февруари се одржа вториот бодовен мастерс турнир до 12 години во кој ППК “Зегин” се закити со злато во машка, сребро во женска и бронза во женска конкуренција, а на 20 февруари на бодовниот државен турнир во категорија до 15 години ППК “Зегин” освои сребро и бронза во женска конкуренција.

Задоволни се и пингпонгарите и секако, тренерот на ППК „Зегин“ од Берово, Јован Ковачовски кој изрази задоволство за постигнатиот успех кој резултат на напорна работа, желба и упорност.

Селекторот на Пингпонгарската федерација истакна дека Берово е најсериозен и најдобар организатор на турнирите во пинг понг и сериозен кандидат за освојување на медали.

ПК „Зегин“ важи за клуб со најголем подем во овој спорт и извор на млади таленти кои имаат шанси да влезат во сите категории со свои репрезентативци.

ПР Текст

Би можело да ве интересира

Заврши Меѓународниот турнир во пинг-понг Зегин Опен 2023

Меѓународната пинг-понг федерација ќе сертифицира 12 македонски тренери, ниво 2

Станојковски и Николов ги одбранија титулите Државен првак во пинг понг

Ана Ололовска

Втор меѓународен меморијален турнир Илија Карески

Ана Ололовска

Отворени меѓународните турнири во пинг -понг и голбал за спортисти со телесен инвалидитет и лица со оштетен вид

Ана Ололовска

Одиграни 4 кола од регуларниот есенски дел од пингпонгарската Супер лига – мажи и Прва лига мажи

Ана Ололовска