Триото ГСМ на Барса почна да дава резултати

Од:

Барселона го победи Еибар со 3:0 во првиот денешен меч од шпанското фудбалско првенство, а за одбележување е што првпат на ист натпревар голови дадоа тројцата напаѓачи на каталонскиот гигант.

Гризман, Меси и Суарез беа стрелци, и тоа е првпат популарното трио ГСМ да погоди на еден натпревар. Еибар на 11 меча против Барселона, нема ниту една победа (10 порази и едно реми).

Гризман откако е член на Барселона, првпат даде гол надвор од „Камп ноу“, Уругваецот Луис Суарез дојде на два гола од петтото место на вечната листа на стрелци во историјата на Барселона. Засега има 181 погодоци во дресот на Барса. Меси има 672 гола во кариерата, а во последните шест месеци тој дал само три гола на гостувањата и сите три на стадионот „Ипуруа“ во Еибар.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска