Тричковски: Учеството на ЕП беше сон на целата нација

Од:

Во пресрет на неделниот натпревар (18 часот) со Австрија, македонскиот фудбалски репрезентативец Иван Тричковски на денешниот брифинг со новинарите, рече дека со пласманот на Европското првенство е остварен сонот на нацијата.

– Одиграв одлична сезона во Кипар, постигнав многу важни голови. Тоа претставува дополнителен мотив за претстојното Европско првенство. Настап на едно вакво големо натпреварување е остварување на сонот на цела нација. Треба да продолжиме таму каде што застанавме. Ќе го дадеме максимумот на секој натпревар и ќе се бориме до крај за дресот со државен грб. Селекторот секогаш го има последниот збор, тој одлучува кои 11 фудбалери ќе го започнат натпреварот. Атмосферата во националниот тим е одлична. Сите со нетрпение очекуваме да започне првенството, истакна Тричковски.

Во Ц-групата покрај овие две репрезентации се наоѓаат и Холандија и Украина.

Би можело да ве интересира

Горан Пандев утре го игра последниот натпревар за македонската репрезентација

Ландов

ЕВРО 2020: Турција може да стане најлошата репрезентација во историјата на ЕП

Ландов

ВИДЕО: Полска одолеа на шпанските напади

ВИДЕО: Мегадуел со шест гола во Минхен, Германија ја победи Португалија

Елмас: Да одиграме за нацијата и да се одјавиме со победа од ЕУРО

Пандев поради болка во зглобот го пропушти утринскиот тренинг во Амстердам

Катерина Павлова-Николовска