Кошаркарските екипите на Реал Мадрид и на Олимпијакос по третпат ќе играат во финалето за шампионската титула европски првак.
На двата претходни натпревара по една победа постигна секоја од екипите.
Реал Мадрид триумфираше во финалето 1995 година (73:61) и тоа воедно е последната титула европски шампион за „кралскиот клуб“. Од таа причина сега сакаат по пауза од 20 години да го освојат пехарот и тоа на домашен терен. Реал Мадрид има осум титули, а ќе го игра 17.то финале.
Олимпијакос победа во финалето против Реал има од пред две години. Во Истанбул Олимпијакос триумфираше со 100:88 и тоа беше третата титула европски шампион, втора по ред. За Олимпијакос ова е седмо финале.
Почетокот на финалето е во 20 часот, а дуелот за третото место на завршниот турнир меѓу ЦСКА Москва и Фенербахче почнува во 17 часот.