Трета титула за ЖРК Металург

Од:

Ракометарките на ЖРК Металург по трет пат во клупската историја ја освоија шампионската титула откако попладенво во натпревар од 10.то последно коло го совладаа Вардар со 33:20 (14:10).

Тимот од Автокомнда пред своите навивачи го прослави и овој пехар откако во саботата го освои и Купот на Македонија со што ја потврди двојната круна. Металург без ниту еден пораз стигна до шампионската титула.

Второто место на табелата во Супер лигата го освои Вардар пред Жито Прилеп, меѓутоа според најавите од таборот на „црвено-црните“ за следната сезона веќе се договорени десетина руски интернационалки и тимот на Вардар би требало да биде конкурентен на трикратниот шампион Металург.

Признаието најдобра ракометарка на шампионатот и припадна на Мирјета Бајрамовска од Металург, а најдобра голманка е нејзината колешка од репрезентацијата Тања Андрејева.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ