Трет пораз на РК Еурофарм Работник во ЕХФ-купот

Од:

Во натпревар со две различни полувремиња, ракометарите на Еурофарм Работник вечерва во Нашице го доживеаја третиот пораз во европскиот ЕХФ-куп.

Битолчани се поразени од Нексе со 23:18, резултат кој е вистински одраз на силите на теренот во Хрватска.

Во првото полувреме се водеше рамноправна игра, во неколку наврати „фармацевтите“ од Битола водеа со еден гол разлика, но сепак по првите 30 минути резултатот беше израмнет, 10:10.

Во второто полувреме домашниот тим кој е со поголемо искуство на меѓународната ракометна сцена поведе со четири голови разлика, која до крајот на средбата ја одржуваше се до конечните 23:18.

Во тимот на Нексе, со својата игра се истакна Марин Шипиќ, а кај гостите најдобар впечаток остави украинскиот интернационалец Владислав Остроушенко. И двајцата постигнаа по шест голови за своите екипи.

Судиската двојка од Косово, браќата Ердоган и Арсим Витаку со грешки арбитрираа на мечот во Нашице.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ