Тренерот на Ибица за голот на Барса во 95. минута: Катастрофа

Од:

Тренерот на Ибица, Пабло Алфаро, ги пренесе емоциите од натпреварот против Барселона во шеснаесетина финалето од Купот на Шпанија.

– Горд сум на моите играчи, но ова е катастрофа. Изгубивме на најсуров начин. Покажавме дека нашиот тим има душа, направивме огромен чекор напред, невозможно беше да се побара повеќе. Сега треба да се честита на Барселона и да им се посака далеку да стигнат на турнирот, изјави Алфаро.

Ибица која важеше за аутсајдер на дуелот со Барселона, синоќа загуби со 1:2 со гол примен во петтата минута од судиското надополнување.

Би можело да ве интересира

Азар повторно се повреди, може да пропушти два месеца

Ана Ололовска

Реал Мадрид загуби од Леванте и го отстапи лидерското место на Барселона

Ана Ололовска

Меси го постигна 36. хет-трик во шампионатот на Шпанија

Ана Ололовска

Брајтвајт нов играч на Барселона

Ана Ололовска

Реал го промовира Рејнер

Ана Ололовска

Диего Коста се врати во тимот на Атлетико за дуелот со Ливерпул

Ана Ололовска