Тренерот на Ефес ги спореди учесниците на Ф4 со најдобрите НБА-лигаши

Од:

Тренерот на турскиот клуб Анадолу Ефес, Ергин Атаман, ги спореди учесниците на „фајнал форот“ во кошаркарската Евролигата со водечките клубови од НБА-лигата.

– Отсекогаш сум зборувал дека Жељко Обрадовиќ е најдобриот тренер во историјата на Евролигата, а Фенербахче е најсилниот тим во Европа, судејќи според регуларниот дел од сезоната. Тие се како Грег Поповиќ и Сан Антонио. Ние само се обидуваме да играме како Голден стејт. Ако зборуваме за ЦСКА – тие се како Милвоки, а Вил Клајберн е нивниот Јанис Адетокумбо, изјави Атаман.

Тој е презадоволен од пласманот во финалето.

– Се разбира, јас сум среќен, бидејќи ова е прв Ф4 за нашиот клуб и за мене. Можам да кажам дека во текот на целата сезона се обидовме да играме спектакуларна кошарка, а вчера имавме еден од нашите најдобри натпревари. Во финалето ќе се обидеме да дејствуваме на ист начин, да се забавуваме на теренот и да им овозможиме уживање на сите гледачи.

Анадолу Ефес утревечер од 20:30 часот со ЦСКА Москва ќе се бори за насловот европски шампион.

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа