Трансформација на најмалиот БМВ: Нов модел – нов погон

Од:

Третата генерација на компактниот хечбек, БМВ Серија 1, ќе го означи и преминот на овој модел од заден на преден погон.

Автомобилот со кој БМВ своевремено зачекори во сегментот на компактните патнички возила, ќе доживее голема промена благодарение на новата механичка UKL платформа.

Како што пишува AutoExpress, преминот на нова платформа и погон на предните тркала ќе донесе практична предност, како што е зголемено меѓуосовинско растојание, зголемување на корисниот простор во патничката кабина, но и во багажот.

Оваа конструктивна трансформација ќе влијае и на промените во моторизираноста, со оглед дека UKL платформата не е компактибилна со 6-цилиндерските мотори. Така во идната топ верзија на Серијата 1, наместо сегашниот агрегат со 3.0 литра зафатнина и 6 цилиндри, ќе добие 2.0 литарски 4-цилиндричен мотор.

Палетата на моторите главно ќе биде позајмена од актуелнито БМВ X1 и новата генерација на МИНИ моделот, кој веќе користи UKL платформа и ќе се состои од 1,5 литарски, 3-цилиндерски бензинец и дизелаш, покрај наведените 2.0 единици со 4 цилиндри.

Со оглед дека БМВ исто така ќе биде фокусиран на електрификација на своите автомобили, треба да се очекува и Plug-in хибридна варијанта. Хибридната Серија 1 ќе има погонски систем позајмен од хибридната верзија на новата генерација на моделот МINI Countryman, т.е. хибриден мини-вен БМВ со 3 цилиндри.

Во овие возила бензинската единица произведува 136 КС (100 kW) и 220 Nm, а електромоторот придонесува со своите 88 КС (65 kW) и 165 Nm, додека литиум-јонските батерии се со капацитет од 7,7 kWh.

БМВ Серија 1 од третата генерација ќе се појави на пазарот во 2018 година.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска