Трагедија во Србија: се самоуби 15-годишна репрезентативка во кошарка

Од:

Младата кошаркарка на белградскиот клуб Партизан и кадетска репрезентативка на Србија, Милица Мркела извршила самоубиство, јавија попладнево локалните медиуми.

Информацијата за белградски „Телеграф“ ја потврди претседателката на кошаркарскиот клуб, Бојанa Јанковиќ.

Како што се наведува, девојката, која лани поради својот талент и потенцијал, како 15-годишна кошаркарка влезе во сениорскиот тим на Партизан, била пронајдена обесена.

Во клубот владее целосен шок по трагичната вест.

„Таа дојде во Партизан кога имаше 14 години, беше членка на кадетската репрезентација, а веќе со 15 години, со својот талент, беше приклучена кон сениорскиот тим. Милица беше иднината на нашата кошарка и еден од најголемите таленти. Шокирани сме. Беше и одлична ученичка, не се сеќавам на ниту една проблематична ситуација со неа. Никој нема објаснување зошто се случи ова. За жал, добивме еден шамар од реалноста,“ изјави претседателката на клубот Јанковиќ.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов