Тотенхем пазаруваше во Леверкузен

Од:

Досегашниот фудбалер на Баер Леверкузен, Сон Хеунг Мин, потпиша договор со Тотенхем до 2020 година, јавија британските медиуми.

Јужно-кореецот дојде во Баер од Хамбург во 2013 г. и одигра 87 натпревари постигнувајќи 29 голови.

Би-Би-Си пренесе дека договорот со 23-годишниот напаѓач е постигнат и само се чека неговата работна дозвола.

– Се радувам што ќе заиграм во Англија едвај чекам да настапам пред навивачите на Тотенхем. Сакам да играм храбро, изјави Сон.

За репрезентацијата на Јужна Кореа има одиграно 44 натпревари и постигнал 11 голови.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска