Тотенхем им се оддолжува на навивачите за авантурата „Суперлига“, им даде место во управниот одбор на клубот

Од:

Англискиот премиерлигаш Тотенхем ќе именува претставници на навивачите во својот Управен одбор, во обид да ги подобри односите кои се нарушија откако клубот беше меѓу основачите на несудената европска „Суперлига“.

– Веруваме дека ова претставува автентично и вистинско претставување и оти ќе обезбеди навивачите да бидат сржта во донесувањето на одлуките на клубот, што ние исклучително го поздравуваме, соопшти премиерлигашот од северен Лондон.

Тотенхем беше меѓу шесте премиерлигаши, заедно со Ливерпул, Арсенал, Манчестер јунајтед, Манчестер сити и Арсенал, кои иницираа формирање Супер лига, но под притисок на навивачите и јавноста, набрзо го напуштија проектот.

Потесна соработка со претставници на навивачите во донесувањето на клупските одлуки минатата недела најави и Челзи.

Би можело да ве интересира

Скандал во Премиер лигата: Уапсени двајца фудбалери поради силување

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Клоп револтиран на судењето на дербито против Сити: Дали ручале во ВАР собата

Предраг Петровиќ