Тотенхем и Њукасл ги зедоа службените телефони и лаптопи на вработените

Од:

Во Тотенхем и Њукасл, ги земале службените паметни телефони и лаптопи за сите свои вработени кои беа пуштени на неплатен одмор, пренесува Дејли Мејл.

Ова е за да се осигураат дека тие немаат никаква работа, така што клубовите можат да се потпираат на финансиската поддршка од владата за време на периодот на стагнација заради пандемијата од коронавирус.

Покрај тоа, двата клуба веќе ги намалија платите на преостанатиот персонал за 20 отсто, кои засега сè уште одат на работа.

Одлуката е малку изненадувачка, затоа што ја запира активноста на скаутите. Неплатено отсуство вклучува и секој кој претходно се ангажирал во видео анализа на натпреварите на тимот и оние на ривалите. На тој начин, кога ќе се продолжи првенството во Премиер лигата, Њукасл и Тотенхем ќе заостануваат на ниво на извидници.

Другите клубови во Англија не ја прекинаа оваа активност затоа што може да се прави од дома.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска