Торонто Репторс со историска прва титула во НБА

Од:

Торонто е шампионот на НБА во сезоната 2018/19! Историскиот триумф на „диносаурусите“ стана факт откако ноќеска тие се наметнаа при посетата на Голден Стејт со 114:110 (33:32; 27:25; 26:31; 28:22) во натпревар бр.6 и на овој начин ја освоија финалната серија со вкупен резултат од 4:2.

Кајл Лари се истакна со „дабл-дабл“ за новите шампиони – 26 поени и 10 асистенции, Паскал Сикам исто така запиша двојни индикатори – 26 поени и 10 скока, Каваи Ленард и Фред Ванвлит додадоа по 22 поени, а Серж Ибака заврши со 15 поени.

Клеј Томпсон одбележа 30 поени за „воините“, Андре Игудала и Стеф Кари додадоа соодветно 22 и 21 поени, а Дрејмонд Грин заврши со „трипл-дабл“ – 11 поени, 19 скока и 13 асистенции, но и тоа не помогна на веќе поранешните шампиони да победат и да ја испратат серијата во решителен седми натпревар.

Каваи Леонард беше избран како најкорисен (МВП) играч во финалето. Ленард го освои овој трофеј и во 2014 година како играч во Сан Антонио. Тој е само трет НБА кошаркар кој ја освоил наградата со два различни тима, по Карим-Абдул Џабар и ЛеБрон Џејмс.

Би можело да ве интересира

Лејкерс го продолжија договорот на Кузма

Ана Ололовска

Денг објави крај на кариерата

Ана Ололовска

Дабл-дабл на Леброн во триумфот на Лејкерс над Голден Стејт

Ана Ололовска

Ирвинг се сомнева во потребата од одржување претсезонски натпревари во Кина

Ана Ололовска

Лејкерс подобри од Голден Стејт во претсезонски контролен натпревар

Ана Ололовска

Чикаго подобар од шампионот Торонто во пријателски натпревар

Ана Ололовска