Торонто на чекор од титулата по нова победа над Голден Стејт

Од:

Тимот на Торонто Репторс е на чекор од историската прва титула во НБА лигата. Тоа стана факт, откако ноќеска „диносаурусите“ го освоијачетвртиот натпревар од финалето со 105: 92 (17:23; 25:23; 37:21; 26:25) и поведоа во серијата со 3:1 во победи.

Каваи Ленард повторно беше на ниво за победниците и запиша зад името „дабл-дабл“ со 36 поени и 12 скока, а Серж Ибака и Паскал Сикам додадоа соодветно 20 и 19 поени за успехот.

Клеј Томпсон, кој се врати во игра откако го пропушти третиот натпревар поради повреда, беше најпрецизен за „воините“ со 28 поени, Стеф Кари додаде 27 поени, а Дрејмонд Грин заврши со „дабл-дабл“ со 10 поени и 12 асистенции.

Би можело да ве интересира

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он