Томас Бах: Откажување на Олимпијадата не е опција

Од:

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) разгледува различни сценарија за Олимпијадата во Токио, но откажувањето не е меѓу нив, изјави денеска претседателот на организацијата, Томас Бах.

„ИОК и Владата на Јапонија во средата објавија дека подготовките за Игрите одат според планот и се очекува да започнат навреме. Се разбира, гледаме во различни сценарија, но за разлика од другите спортски организации или професионални лиги, имаме уште четири и пол месеци пред да започнат Игрите“, изјави Бах за „Њујорк Тајмс“.

Тој упати совет до спортистите да ги почитуваат мерките на нивните влади и дека ИОК е посветен на здравјето и спречување на ширењето на вирусот.

„Нема да шпекулирам, но тоа го должиме на сите, откажување на Олимпијадата не е планирано“, додаде Бах.

Би можело да ве интересира

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска