Тојота го претстави обновениот Јарис

Од:

Компанијата Тојота потроши 90 милиони евра за да го развие својот супермини популарен модел Јарис.

Од Тојота порачуваат дека не се работи за обичен фејслифт, туку дека Јарис има големи промени на екстериерот и внатрешноста.

Козметичките промени прават автомобилот да изгледа поголем од што беше, но димензиите всушност останаа исти. Тој впечаток автомобилот го остава поради поголемите решетки на ладилникот и значително пошироките задни светла, како и изменетите странични линии.

Редизајнирани се и браниците, а автомобилот доби нови бандажи од легура и потесни фарови опциски достапни со LED дневни светла. Во палетата се додадени и две бои, а тоа се Токио црвена и Хидро сина боја.

Внатрешноста исто така доживеа промени, така сега е достапна со повеќе опрема и бои. Една од најголемите промени е новиот 4,2-инчен екран во боја кој е достапен од Мид опремата. Забележителни се и вентилациските отвори во форма на пропелер, сино осветлување на инструментната табла, модифицирани копчиња и подобрена централна конзола.

Кога се работи за моторот, 1,33-литарскиот мотор е „пензиониран”, а го замени целосно нов 1,5-литарски 4-цилиндричен атмосферски мотор кој развива 111 КС и 136 Nm обртен момент. Овој мотор овозможува на автомобилот да забрза од 0 до 100 км на час за 11 секунди, што е за 0,8 секунди помалку во однос на претходникот. Исто така, потрошувачката е намалена за 12 отсто.

Новиот мотор е посилен, по економичен, и потивок од претходниот. Електронскиот волан исто така е подобрен така реакцијата е побрза и попрецизна.

Најсилната верзија покрај послабата ќе биде претставена во март на Саемот за автомобили во Женева. Спортскиот модел со три врати ќе има 210 КС.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска