Тјунерската куќа „Aspec“, со седиште во Хонг Конг, го доработи „Smart For Two“, така што овој автомобил сега располага со 123 кс.
Досега најмоќниот сериски „Смарт“ ја носеше ознаката на официјалниот тјунер на „Мерседес“, компанијата „Брабус“, чиј мотор развива 109 кс, па благодарение на овој детал овој мал автомобил од 0 до 100 километри на час забрзува за 9,5 секунди.
Тјунер „Aspec“ ги подобри перформансите на моторот на 123 кс, со што времето потребно за „Smart For Two“ да стигне до стотка е скратено на девет секунди. Максималната бризина на автомобилот е 160 километри на час.
Покрај унапредувањето на погонската единица, возилото доби аеродинамички и стилски додатоци благодарени на кои „Smart For Two“ изгледа како одделението на АМГ случајно да одлучило да поработи на овој модел.