Тите: Се надевам дека Нејмар ќе биде во добра форма за Копа Америка

Од:

Бразилскиот селектор, Тите објави дека очекува напаѓачот на Пари Сен Жермен, Нејмар да биде во добра форма за Копа Америка, кој ќе се одржи во јуни.

За време на викендот, Нејмар првпат се појави на теренот по повредата на ногата на натпреварот против Стразбур на 19-ти јануари.

Бразилецот не се подложи на операција и се лекуваше по посебен план, откако беше надвор од теренот три месеци.

– Тој веќе се врати на теренот и се надевам дека брзо ќе влезе во форма. Ова е нормален процес. Ситуацијата пред Светското првенство? Разликата е голема – до почетокот на Копа Америка има повеќе време и затоа ќе му овозможи да се опорави подобро, да се достигне повисоко техничко ниво. Тој може да биде во подобра состојба на Копа Америка, отколку на Светското, рече Тите, цитиран од „Глобо Еспоте“.

Во оваа сезона, Нејмар постигна 13 гола и асистираше за 7 во 13 натпревари од француското првенство.

Би можело да ве интересира

Тите заминува и не може да се помири: Шутнаа само еднаш

ВИДЕО: Бразил е во осминафинале, со триумфот над Швајцарија одигра и за Србија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Србија потклекна пред Бразил

Атлетико Минеиро бразилски шампион по пауза од 50 години

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Квалификации СП 2022: Нови победи на Бразил и на Аргентина

Тијаго Силва го одигра 100. натпревар за бразилската репрезентација

Ана Ололовска