Типсаревиќ блеска во Париз, Шарапова повторно убедлива

Од:

Вториот српски рекет Јанко Типсаревиќ продолжува со одличните игри на Ролан Гарос.

Се пласира во осминафиналето откако го совлада домашниот играч Жулијан Бенето со 3:0, по сетови 6:3, 7:5, 6:4, а за влез во четвртфиналето ќе игра против Николас Алмагро.

Енди Мареј покажа денеска дека повредата во минатото коло не остави траги во неговата игра, го совлада Колумбиецот Сантијаго Гиралдо со 3:0, по сетови 6:3, 6:4, 6:4. А во осминафиналето ќе игра против Ришар Гаске кој го совлада Томи Хас.

Второрангираната Марија Шарапова од Русија на многу убедлив начин стигна до осминафиналето на Ролан Гарос, откако ја совлда Пенг Шуаи од Кина со 6:2, 6:1.

За место меѓу најдобрите осум, Шарапова ќе игра против Клара Закопалова од Чешка.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ