Тинејџерот Емре Демир ја добива капитенската лента во Кајсериспор

Од:

Најмладиот стрелец на гол во историјата на турскиот фудбал, Емре Демир, кој има само 15 години, на мечот в понеделник на неговиот тим Кајсериспор против Бешикташ во Истанбул, ќе ја носи капитенската лента.

Тренерот Булент Ујгун одлучи да го награди младиот Емре и повлече изненадувачки потег, со тоа што на Демир му ја додели капитенската функција, иако според традицијата, капитен е некој искусен, што има најмногу настапи за клубот. Демир во јануари ќе наполни 16 години, и убедливо е најмлад во првиот тим.

„Кога на млад човек ќе му дадете шанса, и тој ја искористи така што ќе покаже несебичност, желба и талент, нема зошто да не биде награден за таквиот однос“ – рече тренерот Ујгун.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Турски навивач влезе на терен и тепаше играч со корнер-знаменце

Ана Ололовска

Лука Станковски нов фудбалер на турскиот прволигаш Газиантеп

Ана Ололовска

Галатасарај без свои навивачи на два гостински натпревара во евро-куповите

Ана Ололовска

Деби гол сезонава за Јаховиќ во турското првенство

Ана Ололовска

Германецот Кунц и официјално нов селектор на Турција

Ана Ололовска

Диего Коста кариерата ќе ја продолжи во Бешикташ

Ана Ололовска