Тинејџер му донесе победа на Манчестер јунајтед

Од:

Екипата на Манчестер јунајтед со многу мака ја совлада Астана со само 1:0 во првото коло од Лига Европа и тоа благодарение на 17-годишниот Мејсон Гринвуд кој беше стрелец на единствениот гол.

На терените каде синоќа се играа мечеви од Лига Европа, немаше Македонци, а паднаа вкупно 75 голови, имаше многу пресврти и во најава е одлична сезона во второто по квалитет клупско натпреварување во Европа.

Тешкиот пораз на Борусија Менхенгладбах од австриски Волфсбергер е најголемото изненадување, а убедлив беше и Лудогорец кој даде пет гола во второто полувреме против ЦСКА Москва. Партизан освои бод против АЗ Алкмар.

Резултати:
Рома – Башакшехир 4:0,
Борусија Менхенгладбах – Волфсбергер 0:4,
Еспањол – Ференцварош 1:1,
Гент – Сент Етјен 3:2,
Лудогорец – ЦСКА Москва 5:1,
Манчестер јунајтед – Астана 1:0,
Партизан – АЗ Алкмар 2:2,
Порто – Јанг Бојс 2:1,
Ренџерс – Феенорд 1:0,
Слован Братислава – Бешикташ 4:2,
Волфсбург – Олександрија 3:1,
Вулверхемптон – Брага 0:1.

Би можело да ве интересира

Јунајтед го совлада Партизан и се пласираше во елиминациите од ЛЕ

Ана Ололовска

Ставрев ќе го суди натпреварот од ЛЕ меѓу Ференцварош и ЦСКА

Ана Ололовска

Сите резултати и превремен пласман во Лига Европа

Ана Ололовска

Познати имињата на номинираните за Играч на колото во ЛЕ

Ана Ололовска

Погба најверојатно нема да игра ниту против Партизан

Ана Ололовска

Емери: Мораме да им дадеме шанса на младите

Ана Ололовска