Тим од трета лига го отстрани Атлетико од Купот на Шпанија

Од:

Тим кој се натпреварува во третата шпанска лига, Леонеса го направи најголемото изнанеадување за Кралскиот куп на Шпанија, откако го елиминираше големиот Атлетико Мадрид. Скромниот тим ја совлада екипата на Диего Симеоне со 2: 1 по дополнителното време.

Анхел Кореа им донесе предност на „јорганџиите“ во 62-та минута, но домаќините немаа намера да се предадат и ја вратија неизвесноста во 83-та минута со гол на Хулен Кастанеда. Серхио Бенитез беше прецизен во 108-та минута, а тимот од главниот град во преостанатите минути не успеа да одговори соодветно.

Уште три клуба од Примера дивизион го напуштија Купот. Мирандес ја совлада Селта со 2:1 по дополнителното време, Еибар загуби од Бадахоз со 1-3, а Бетис беше елиминиран од Рајо Ваљекано по изведување на пенали со 2:4 (2:2 во регуларното време).

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска