Тијаго се збогува со Баерн: Ова е најтешката одлука во мојата кариера

Од:

Играчот за врска на Баерн (Минхен), Тијаго Алкантара се прости од клубот преку видео и писмено соопштение, кое го објави на социјалните мрежи.

По седумгодишен престој на „Алијанц Арена“, шпанскиот репрезентативец се соочува со трансфер во Ливерпул.

Еве го целото обраќање на Тијаго:

„Да, ова е најтешката одлука во мојата кариера. Одлучив да го затворам ова поглавје во овој прекрасен клуб. Клубот во кој пораснав и се развив како играч во последните 7 години.

Победи, успеси, моменти на задоволство, како и некои тешки периоди. Но, она на што најмногу сум горд е што пристигнав во Минхен како млад човек полн со соништа и го напуштам целосно задоволен и идентификуван со Клубот, историјата, филозофијата, јазикот и културата. Тука научив како да ја сакам и почитувам традицијата со која сега се збогувам, но никогаш нема да ја заборавам: „Миа Сан Миа“.

Јас и моето семејство имавме неверојатни моменти во градот, во клупската база и, се разбира, во нашата сакана „Алијанц Арена“. Со тебе, моето семејство Баерн, кое толку добро се однесуваше кон мене и ме сакаше секоја секунда.

Мојата одлука е целосно поврзана со спортскиот аспект. Како фудбалер, сакам и ми требаат нови предизвици да се развивам, како што направив тука.

Баерн секогаш ќе биде мојот дом. Вечна благодарност до Баерн!“

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска