Тежок пораз за Олимпијакос во Евролигата, Барселона со прв пораз за сезоната

Од:

Олимпијакос доживеа тежок пораз на домашен терен од Макаби Тел Авив со 65:90 во 6.коло од кошаркарската Евролига. Макаби тотално доминираше во Атина и до крајот разликата сеискачи на 25 поени.

За гостите од Тел Авив со по 19 поени се истакнаа Скоти Вилбекин и Тајлер Дорси, а за Олимпијакос 16 поени постигна Јоргос Приндезис.

ЦСКА Москва е на врвот на табелата, откако го победи Зенит Санкт Петербург со 87:70. Двете руски екипи се сретнаа за прв пат во Евролигата. Центарот на Зенит Густаво Ајон беше најефикасен со 20 поени и Мајк Џsејмс заврши со 16 поени за победниците.

Барселона го запиша првиот пораз во сезоната, откако загуби од Армани Милано со 70-83. Успехот на Милано е петти по ред за тимот и со него екипата го дели првото место во пласманот заедно со ЦСКА Москва и Барселона.

Евролига, натпревари од прва фаза:

Зенит Санкт Петербург (Русија) – ЦСКА Москва (Русија) – 70:87
Фенербахче (Турција) – Жалгирис Каунас (Литванија) – 76:79
Валенсија (Шпанија) – АСВЕЛ Вилербан (Франција) – 81:72
Армани Милано (Италија) – Барселона (Шпанија) – 83:70
Олимпијакос (Грција) – Макаби Тел Авив (Израел) – 65:90
Басконија (Шпанија) – Баерн Минхен (Германија) – 93:60
Реал Мадрид (Шпанија) – Алба Берлин (Германија) – 85:71

од четврток:
Црвена Sвезда (Србија) – Химки Москва (Русија) – 90:78
Панатинаикос (Грција) – Анадолу Ефес Истанбул (Турција) – 86:70

ЦСКА Москва има 11 бода во пласманот, следат Барселона 11, Армани Милано 11, Макаби Тел Авив 10, Химки 10 итн.

Би можело да ве интересира

Тотал ТВ ќе ги пренесува натпреварите од Евролигата и во следните пет години

Ана Ололовска

Таварез сака да игра на СП – Ќе лета 12 часа за да им помогне на Зеленортските острови

Евролигата одложи осум натпревари поради коронавирусот

А1он

Миротиќ МВП за декември во Евролигата

Ана Ололовска

Одложени три од утрешните четири дуели во кошаркарската Евролига

А1он

Одложен уште еден натпревар во кошаркарската Евролига поради коронавирус

Ана Ололовска