Од утре до сабота Тетово првпат ќе биде домаќин на најголемиот спортски настан за средношколците во Македонија – спортската Гимназијада.
Гимназијадата се организира во соработка со Федерацијата на училишни спортови, Агенцијата за млади и спорт, Министерството за образование и наука и Сојузот на спортови на општина Тетово.
Според раководителот на секторот за јавни дејности во општина Тетово Ахмет Ќазими, инвестициите во спортската инфраструктура изминатиот период овозможиле Тетово да биде домаќин на средношколците од целата држава.
Гимназијадата, 11. по ред, ќе биде отворена утре на градскиот плоштад во Тетово. Следните три дена околу 700 ученици од земјава ќе учествуваат во натпревари во различни спортски дисциплини во скоро сите спортски сали во општината, како и на другите игралишта.
– Очекуваме Тетово да биде достоен домаќин на оваа најголема спортска манифестација на средините училишта во Македонија, рече Ќазими.
Средношколците ќе се натпреваруваат во ракомет, кошарка, футсал и фудбал секој ден од 13 до 17 часот. Финалните натпревари во машка и женска конкуренција се закажани за сабота.
Со оглед дека Федерацијата на училишни спортови на Македонија е членка на Меѓународната федереција победничките тимови на годинешната Гимназијада во Тетово, ќе имаат можност и за меѓународен настап понатаму.
На творањето на Гимназијадата е најавено присуствуво и на премиерот Зоран Заев.