Тери и Лампард си заминуваат од Челзи

Од:

Сопственик на актуелниот европски првак Челзи, Роман Абрамович одлучил да ги намали платите на фудбалерите, а како резултат на тоа заминување од клубот најавил Џон Тери, јавуваат англиските медиуми.

Откако управата на „сините“ од Лондон го известиле Френк Лампард да си најде нов клуб во јануари, најавата за напуштање на клубот и од страна на Тери предизвика критики и незадоволство меѓу навивачите на Челзи поради односот на клубот кон двајца од најзаслужните за последните успесите на Челзи.

Преселба од „Стемфорд Бриџ“ најавува и Ешли Кол, играч кој не сакал да го потпише новопонудениот дгоровор кој е со значително пониска сума од постоечкиот. Како следен тим во кој ќе игра Кол се навестува ПСЖ.

За да се смират страстите и како најава за подбри резултати во летниот дел од полусезоната управата на клубот информира за намерата во Челзи да го доведе Давид Виља од Барселона, играч кој нема место меѓу 11 стартери во каталонскиот гигант.

Абрамович сезонава го смени и тренерот кој му ја донесе европската шампионска титула. На местото на Роберто Ди Матео сега предводник на Челзи е Рафаел Бенитез.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска