Капитенот на Челзи, Џон Тери доби понуда за продолжувањето на договорот со Челзи за една сезона. Ваква политика „сините“ имаат кога потпишуваат договори со фудбалери кои се повозрасни од 30 години.
Според британските медиуми, Тери ќе треба да се согласи да игра за помала плата, најверојатно довојно помала од сегашната од 150.000 фунти неделно. Можно е да се случи Тери да го напушти Челзи и да замине во клуб надвор од Англија.
Капитенот на Челзи потекнува од младинската школа и има одиграно 617 натпревари и постигнато 57 голови, а притоа и освоено три титули во Премиер лига, пехар во Лигата на шампионите, Лига Европа, ФА купот и Лига купот на Англија.
За репрезентацијата на Англија одиграл 78 натпревари и постигнал 6 голови.