Тенис: Шарапова победничка во Штутгарт, Надал ја освои Барселона

Од:

Руската тенисерка Марија Шарапова го освои турнирот во германскиот град Штутгарт. Русинката во финалниот дуел со 2:0 во сетови ја победи Кинеската На Ли.

Првиот сет заврши со 6:4, а во вториот Шарапова беше подобра со 6:3. Со овој триумф Русинката го одбрани трофејот освоен минатата година.

На машкиот турнир во Барселона победи Рафаел Надал што претставува осми триумф за Шпанецот на овој турнир.

Попладнево во финалето Надал беше подобар од својот сонародник Николас Алмагро со 2:0 (6:4 и 6:3).

Во меѓусебниот биланс на овие двајца шпански тенисери Надал води со 10:0.

Би можело да ве интересира

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ

Седум тенисери се суспендирани поради местење натпревари

Горан Наумовски