Во вториот натпревар од СЕХА лигата Макс Струмица го доживеа првиот пораз, откако вчера пред домашна публика во салата „Парк“ беше совладана од тимот на Татран Прешов со 24:31 (10:14).
Составот на Макс Струмица за разлика од претходниот меч со Војводина, мечот го отворија добро, влегувајќи со предност од 4:1. Сепак, Словаците со серија од 6:1, во 18. минута од натпреварот поведе за првпат на мечот со 5-6, период во кој избраниците на Андонов не реализираа неколку седмерци. До крајот на првото полувреме, гостите ја зголемија предноста дополнително и на пауза заминаа со предност од четири погодоци (10:14).
Вториот дел комплетно му припадна на словачкиот состав, кој во 40. минута имаше предност од највисоки осум погодоци 13:21, до крајот на мечот струмичани само го ублажија поразот.
Најефикасен на натпреварот во составот од Струмица беше Дејан Пецаковски со девет погодоци, додека Славиша Димитријевски даде седум гола.