Суперлигата се распадна пред да почне да постои – се откажаа сите шест англиски клубови

Од:

Сите шест клубови од Премиерлигата кои најавија дека ќе учествуваат во новата елитна европска Суперлига, вечерва соопштија дека се повлекуваат од таа идеја, по огромниот притисок од УЕФА, навивачите и спортската јавност во Британија, но и ширум светот.

Со ова, најавите за отцепување на големите клубови од европската фудбалска федерација се речиси пропаднати, а Суперлигата практично се распадна само два дена по формирањето и пред воопшто да профункционира.

Манчестер Сити беше првиот клуб што соопшти дека се откажува од Суперлигата, откако Челзи исто така најави дека ќе го стори истото. По ова, и останатите четири клуба: Арсенал, Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Тотенхам исто така објавија дека се повлекуваат од несуденото натпреварување.

Паралелно со ова, „Скај спорт“ вечерва објави дека извршниот потпретседател на Манчестер Јунајтед, Ед Вудворд, поднел оставка под притисок на навивачите.

Фановите во Англија јасно го искажаа својот протест против одлуката за формирање затворено елитно фудбалско натпреварување, а околу илјади навивачи на Челзи, кои потегот на нивниот клуб го нарекоа „непростливо предавство“, се собраа на протест пред „Стемфорд Бриџ“, не дозволувајќи му на клупскиот автобус да го напушти стадионот.

Сите клубови во соопштенијата наведоа дека повлекувањето во најголем дел е резултат на волјата на навивачите и на реакциите на фудбалскиот свет. Арсенал им се извини на своите фанови во отворено писмо во кое клубот признава дека „направил грешка“.

Англиските клубови требаше да го формираат новото натпреварување со 12 клуба заедно со Атлетико Мадрид, Барселона, Реал, Интер, Милан и Јувентус, а нивната мотивација беше поголемиот профит наспроти Лигата на шампионите организирана од УЕФА.

Би можело да ве интересира

УЕФА и ФИФА загубија на суд, Суперлига може да биде формирана

Шеснаесет од 27 фудбалски федерации во ЕУ се спротивставија на Супер лигата, Шпанија и Италија меѓу нив

Ана Ололовска

Забрана за настап во ЛШ им се заканува на Реал, Барселона и Јувентус

Анчелоти за Суперлигата: Мислев дека тераат некој мајтап

Жарко Настоски

Перез: Ако сметате дека Супер лигата е мртва, не сте во право

Ана Ололовска

Чеферин: Англиските клубови направија грешка, но се вратија и сега продолжуваме заедно

Ана Ололовска