Суперкупот на Европа ќе се игра со гледачи, одлучи УЕФА

Од:

УЕФА реши натпреварот во Суперкупот да се игра со ограничен број на гледачи. Трибините во Будимпешта ќе бидат исполнети со не повеќе од 30 проценти од капацитетот, се вели во соопштението на УЕФА.

Натпреварот помеѓу шпанската Севиља (победник во Лига Европа) и Баерн Минхен (победник во Лигата на шампионите) ќе се одржи на 24 септември на стадионот „Ференц Пушкаш“ во Будимпешта, чиј капацитет е околу 39.000 гледачи, што значи дека на трибините би можеле да бидат пуштени 13.000 љубители на фудбалот.

Овој натпревар може да биде прв на турнирите во организација на Европската фудбалска асоцијација по паузата поради коронавирус, на кој ќе се дозволи одреден број на навивачи на трибините.

Би можело да ве интересира

Чеферин нема повторно да се кандидира за функцијата претседател на УЕФА

Хаос во европскиот фудбал: Клубовите пуштаат еден по еден деманти

Предраг Петровиќ

УЕФА: Израелските фудбалери ќе играат против Исланд во Будимпешта

Чеферин за пријателскиот натпревар Русија – Србија: Само Англичаните негодуваат

Чеферин: Не сум сигурен дека Реал и Барселона знаат што прават, фудбалот не се продава

УЕФА и ФИФА загубија на суд, Суперлига може да биде формирана