„Субару“ промовира „освежена” верзија на моделот „Легаси“

Од:

Јапонската автомобилска компанија „Субару“ смета дека се уште не е време за целосно нов „Легаси“, па затоа се режија само на „подмладување“ од внатре и од надвор на својот актуелен модел од средната класа што се продава во Северна Америка.

Освежениот „Легаси“, кој сега со некои надворешни детални потсетува на актуелната „Импреса“, „Субару“ премиерно ќе го претстави на претстојниот Саем за автомобили во Чикаго.

Новото „лице” на автомобилот со кој „Субару“ се бори за купувачи на возила од средната класа, го краси редизајниран преден крај на кој, покрај главните, опциски можат да се добијат и ЛЕД светла за магла. Тука е и редизајнираната маска за ладилникот со хромирани детали. Минималните измени на задниот браник заокружени се со долг завршеток на издувниот систем.

Внатрешноста сега е обложена со многу поквалитетен материјал, а за целосна удобност на патниците секако ќе помогне и многу подобрата звучна изолација.

Редизајнирана е и централната конзола, а дисплејот преку кој се управува мултимедијалниот систем е зголемен од 6,2 на 6,5 инчи. Во опција е и 8-инчен дисплеј со кој стигнува и навигација, а во секој случај системот е компатибилен со апликациите КарПлеј и Андоид Ауто. За потребите на патниците на задните седишта предвидени се два УСБ приклучоци на централната конзола.

„Субару“ не менува ништо кога е во прашање моторот. Познатиот 2,5-литарски четитицилиндерски бензински боксер мотор нуди 178 коњски сили и 236 Њутн метри најголем вртлив момент, а на купувачите во САД веројатно повеќе ќе им се допаѓа 3,6-литарскиот шестцилиндерски боксер мотор кој располага со 260 коњски сили и 335 Њутн метри најголем вртлив момент.

Преносот на моќноста и во двата случаи се врши на двете осовини, што е еден од главните адути на „Субару“. Рачниот менувач не е во опција, а со рекалибрираните амортизери и управувачкиот систем „Легаси“ ќе нуди целосно подобро управување на возилото.

За Европјците во истата класа останува многу сличниот модел „Леворг“, со кој „Субару“ во 2014 година го замени „Легаси“, за кој многумина велат дека е премногу „американизиран” за вкусот на европските купувачи.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска