Суарез ќе може да настапи на „Ел Класико“

Од:

Уругваецот во дресот на Барселона Луис Суарез кој се наоѓа под суспензија од било какви активности поврзани со фудбалот ќе може да игра на дербито со Реал Мадрид закажано за 26 март.

На Суарез казната му истекува на 25 октомври, а жрепката сакаше првото „Ел Класико“ да биде ден подоцна, па Барселона ќе може да смета на усулугите на едно од најзвучните засилувања за новата сезона.

Според пишувањата во шпанските медиуми, постојат шанси уругвајскиот репрезентативец да дебитира за каталонскиот клуб уште на стартот од сезоната на 24 август, но тоа зависи од Меѓународниот суд за арбитража во Лозана.

Двојките за првото коло во сезоната 2014/15 во шпанската Примера Дивизија се: Севиља – Валенсија, Леванте – Виљареал, Рајо Ваљекано – Атлетико Мадрид, Малага – Атлетик Билбао, Селта – Хетафе, Еибар – Сосиедад, Гранада – Ла Коруња, Барселона – Елче, Реал Мадрид – Кордоба и Алмериа – Еспањол.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска